За компанијата

Посветени на квалитет, одржливост и доверба

Pure Life Cosmetics е реномирана компанија која повеќе од две децении успешно се занимава со ексклузивна дистрибуција на еминентни и врвно квалитетни брендови од областа на козметиката, прехраната и препаратите за домаќинство. Основана во 2004 година, нашата примарна цел уште од самите почетоци е да ги доближиме до домашните потрошувачи оние глобално признати производи кои претходно не биле застапени на нашата територија.

Преку континуирана и темелна анализа на модерните трендови, како и длабоко разбирање на специфичните преференции на граѓаните, ние стратешки работиме на задоволување на секоја потреба, покривајќи го секој аспект до најситните детали на нивните вкусови. Нашиот стручен тим секојдневно вложува максимален труд, ставајќи силен акцент на иновативноста и прецизните истражувања на пазарот.

Ваквиот посветен пристап при селектирањето и воведувањето на нови производи континуирано ја потврдува нашата позиција како доверлив лидер во дистрибуирањето и застапувањето на премиум брендови.

20+ брендови кои ги застапуваме низ цела Македонија

Нашата приказна

Од 2004 година до денес

Мисија

Мисијата на Pure Life cosmetics уште од своите почетоци во 2004 е да носи брендови кои не се застапени на територијата на нашата држава. Одржувањето на постојана застапеност и разновидност од брендови нуди можности и опции на нашиот пазар за секој купувач граѓанин и со тоа го гарантира и овозможува правото на избор.

Визија

Нашата визија и цел е да бидеме постојан лидер на пазарот преку постојана дистрибуција и застапеност на светско познати, квалитетни и еминентни брендови. Да го овозможиме правото на избор на секој купувач. Задоволството и насмевките на нашите купувачи кога го добиваат производот и брендот кој го посакуваат е нашата постојана цел, визија и идеја која нè води.

Вредности

Довербата, квалитетот и почитта кон потрошувачот се во центарот на нашите корпоративни вредности. Ние се водиме од начелото на транспарентност и одговорност во секој сегмент од дистрибуцијата. Вреднуваме иновативност и постојан напредок, стремејќи се секогаш да одговориме на потребите на модерното време. Нашата најголема вредност е лојалноста кон купувачите преку понуда на исклучителни и проверени козметички брендови.

FAQs

Често поставувани прашања

Дистрибуција на еминентни и квалитетни брендови од областа на прехраната, козметиката и препаратите за домаќинство.

Компанијата е основана во 2004 година и денес застапува 20+ меѓународни брендови.

Нашите производи се достапни низ цела Македонија.

Контактирајте нѐ на info@purelife.com.mk или +389 (0)2 2400 793 и нашиот тим ќе ви одговори.

Контактирајте нѐ
и станете наш партнер