ЗА НАС
Pure Life Cosmetics е компанија која се занимава со дистрибуција на еминентни и врвно квалитетни брендови и производи од областа на прехраната, козметиката и препарати за домаќинство.
Основана во 2004 година со цел на нашиот пазар да се носат квалитетни и светско познати брендови кои не се присутни и застапени на територијата на нашата држава. Со постојана анализа на преференциите и вкусовите на нашите граѓани НИЕ како компанија имаме за цел да ги задоволиме потребите на нашите купувачи и да го покриеме секој аспект до истенченост на вкусовите. Константната ангажираност и труд на нашиот тим со ставање акцент на иновативност, анализи на пазарот за утврдување и носење на брендови ја потврдуваат нашата посветеност за постојано дистрибуирање и зaстапување на квалитетни брендови на нашиот пазар.
2004Основање
Се основа компанијата PureLife Cosmetics како Друштво со ограничена одговорност - едно лице.
2005Mokate
Стануваме официјален застапник на брендот Mokate за македонскиот пазар.
2006Нов бренд
За македонските потрошувачи го носиме италијанскиот бренд Balconi.
2008Нов магацин
Со цел зголемување на просторноста инвестиравме во нов магацин од 1.500 метри квадратни.
2018Некој настан
Опис на тој некој настан
2019Некој настан
Опис на тој некој настан
2020Некој настан
Опис на тој некој настан
Нашата визија и цел е да бидеме постојан лидер на пазарот преку постојана дистрибуција и
застапеност на светско познати, квалитетни и еминентни брендови. Да го овозможиме правото на избор на секој купувач. Задоволството и насмевките на нашите купувачи кога го добиваат производот и брендот кој го посакуваат е нашата постојана цел, визија и идеја која нè води.
Мисијата на Pure Life cosmetics уште од своите почетоци во 2004 е да носи брендови кои не се
застапени на територијата на нашата држава. Одржувањето на постојана застапеност и разновидност од брендови нуди можности и опции на нашиот пазар за секој купувач граѓанин и со тоа го гарантира и овозможува правото на избор.
НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ
Една од вредностите на Pure Life cosmetics е постојаното залагање за одржливост на нашата средина. Тргнувајќи од чекорите како користење искористена хартија и нејзина повторна употреба секој од нашите вработени го дава својот допринес за здрава и чиста средина.
Постојаното почитување на правилата за етичко однесување на работното место е само дел од
нашите круцијални вредности.
Pure Life cosmetics исто така постојано ги следи и имплементира сите трендови на светско ниво и сите трендови и правила кои ги поставува Европската Унија бидејќи и како компанија за стреми за внесување на европските вредности.
Брендови
Рангот на нашите брендови варира од производи за широка потрошувачка; прехрамбени производи, козметички производи и декоративна козметика. Нашата приказна потекнува од самата наша потреба некои брендови кои сме ги користеле и ни биле драги надвор на границите на нашата држава од нашата визија и мисија да на нашите клиенти им обезбедиме избор составен од врвно квалитетни производи и брендови со што би ги задоволиле нивните потреби и истенчени вкусови.





Контактирајте нѐ
- Ул. Владимир Полежановски бр. 30, Скопје, Македонија
- info@purelife.com.mk
- +389 (0)2 240 0793