Tabasco

Tabasco е број 1 бренд и тоа на глобално ниво. Лутиот сос кој е препознатлив насекаде. Препознатлив по својот уникатен, квалитетен и екстремно лут вкус. Ни доаѓа од американската држава Луизијана со традиција подолга од 152 години. Закоренет во вредностите на американската култура и традиција подоцна со тек на време станува интернационален бренд кој е застапен скоро во секоја земја.

Неспоредлив по вкус кој дава совршен финиш на сите ваши оброци, ги збогатува и рафинира. Црвените лути пиперчиња кои сеуште се огледуваат во полињата од Луизијана и после 152 години сеуште се собираат рачно заради почитување на традицијата. При берењето се контролира дали имаат јака црвена боја преку споредба со интензивниот црвен тон на стапче кое им се дава на сите берачи при собирањето на пиперчињата.

Табаско сосовите се носат дури и во вселената во нивните најмалечки паковања од 3,7 мл.

Со присуство во програмата на НАСА им помагаат на астронаутите да го збогатат вкусот на нивната веќе блантава и спакувана храна која ја конзумираат во вселената.

Pure Life cosmetics е горд застапник и дистрибутер на Табаско лутите сосови во Македонија.