Melitta

Melitta брендот за кафе потекнува од Германија и е компанија со долга историја и традиција. Името го добива по првата жена која го измислила филтерот за кафе, а потоа ја раководи и сама компанијата. Мелита како компанија сега е производител на филтри за кафе, машини за кафе, кафе како и чаши. Со текот на години асортиманот се зголемува и надополнува, а моментално Мелита е интернационално препознатив и познат бренд и компанија на глобално ниво како и постојан синоним за квалитет.

Под Мелита брендот се наоѓа сè што може да асоцира на совршено добра шоља за кафе и тоа; филтер кафе и кафе во зрна, инстант кафиња, капсули за кафе, филтер ќеси, обични и едноставни филтри, филтер кафе машини, кафе машини и многубројни останати кафе препарати кои ве придружуваат за време на правењето на вашата омилена шоља кафе.

Сето ова и тоа на територијата во повеќе од 40 земји низ целиот свет. Мелита како компанија го пласира и вреднува квалитетот на прво место и не се задоволува со ништо помалку. Самиот основач на компанијата Мелита Бентц служи како пример за сите вработени што заслужува многу почит во оглед на нивните вредности.

Компанија карактеризирана со оригиналност, претприемачки дух и страст која оди само напред. Врвниот квалитет на сите производи – од поединечно зрно кафе па се до целосен кафемат – е тоа што ја прави оваа компанија единствена.

Во изминатите 100 години Мелита успева да го револуционира подготвувањето кафе и тоа повеќе пати низ историјата. Посебното уживање кое се доловува со секое конзумирање на кафето Мелита ја прави оваа компанија и овој бренд кафе едни од најбараните и најкористени на пазарот.