Mautner Markhof

Приказната на Mautner Markhof започнува уште од 1841 година кога Игназ Маутнер Риттер вон Маркхоф по потекло од Бохемија ја изнајмува пиварата St. Marx во Виена, а 11 години подоцна ја купува.

Амбициозноста и неговиот креативен дух наскоро ќе го направат познат заради неговите иновативни идеи. На овој начин тој е првиот кој ги удира темелите на една позната Австриска компанија за деликатесни прехрамбени производи. Направено со љубов, со јасна визија и со посветеност.

Маутнер Маркхоф нуди врвно квалитетни кондименти за храна како сенфови (и тоа во најразлични вкусови), својот одличен оцет кој го има во повеќе вкусови, сосови за храна и за салати и многу други.

Ненадминливиот вкус, уникатноста и квалитетот на состојките во сите Маутнер Маркхоф производи се тоа што ја прават оваа компанија и сите нивни производи неодоливи за купувачите.