Loyd

Производството на чај бара знаење, искуство и пред сè трпение. Чајот е уникатна материја и постојат илјадници видови чај и вкусот на секој чај зависи од сезоната во која се собира и од методот според кој се обработуваат листовите чај. Сето тоа има огромно влијание врз финалниот продукт, вкусот и интензитетот на чајот.
LOYD брендот за чаеви е базиран врз долгогодишно бизнис искуство, страст и соработка со легендарната фабрика за производство на чај од Лондон Thompson Lloyd&Eward, која е на пазарот уште од 1760 година.
Целта на Loyd е континуирано создавање на најразлични видови чај со врвен квалитет. Портфолиото на Loyd вклучува црн, зелен, бел чај, потоа билки меѓу кои се вклучуваат и егзотичните роибос и мате чај (од кои се прават и функционални миксови).
Одличните композиции со најразлични вкусови се од селектирани природни материјали кои имаат највисок квалитет. Високиот квалитет на чаевите Loyd е загарантиран и со употребата на високо квалитетни машини и со придржување кон строгите критериуми кога се прави селекција на природните материјали кои се користат за време на производството. Контролата започнува уште од самиот извор, од собирањето на чајот, транспортот, па сè до обработката во фабрика.
Моментално Loyd линијата опфаќа и чаеви со вкус на брусница, малина, рибизла и ѓумбир. За да се акцентира невообичаениот и егзотичен вкус се додава и Yerba Mate за сите кои сакаат да експериментираат со вкусовите чај. А за најпребирливите Loyd воведува и чај со присуство на Парагвајската света билка. Одлични, свежи и овошни вкусови се достапни и тоа со алое вера, калина, смоква, грејпфрут, нане, лимонова трева и мандарина.
Loyd чаевите се пакувани во малечки пирамидални ќесички кои овозможуваат непречено циркулирање на водата, а со тоа овозможуваат постојано свеж вкус на чајот кој се конзумира.
Loyd е иновативен бренд, а тоа го докажува и со производството на леден чај во пирамидални ќесички кои инстантно се раствараат во вода. Слободното циркулирање на водата низ пирамидалното пакување овозможува истакнување на вистинскиот и длабок вкус од секој вид чај за вистинско уживање.