Gold Gluten Free

Lomax Company д.о.о е основана во 2001 година како компанија која е дистрибутер на светско познато мултинационални компании како “Kimberli&Clark” и “Johnson Wax”. Потоа започнува соработка и со “Mirato” и “Colgate Palmolive Adria”.

Со стекнатото искуство и огромната желба за напредок се прошируваат и во полето на производството. Нивниот бренд LM TOX (препарат против инсекти) уште од самиот старт станува лидер во Србија. Подоцна се оформува и добро познатиот бренд Kosili кој е препознатлив низ територијата на поранешна Југославија и исто така постанува лидер во Србија.

Со постојаното подобрување и напредок, целта на Ломакс како компанија е да нуди врвен квалитет и тоа е причината поради која ги задоволува сите интернационални сертификати со стандарди за квалитет.

На нашиот македонски пазар како компанија горди сме што ги носиме првите ослободени од глутен производи: GOLD Gluten Free. Gold Gluten Free линијата на производи е одлична серија со производи кои се подготвуваат од пченка. Во нивното произвоство не доаѓаат со никаков допир на глутен и тоа од самиот старт па се до крајниот резултат и производ. Производите ги има како различни брашна, корнфлекс, тестенини, палента и многу други.

Врвниот загарантиран квалитет, не-присуството на глутен од самиот старт во целосниот синџир на производство се тие карактеристики кои ја прават оваа серија на производи ненадминливи и по вкус и по квалитет и тоа по достапни цени за секого.