Develey

Девели како главни темели врз кои ги базира своите вредности се квалитетот и традицијата.

Основана како фабрика за сенф во Минхен во 1845 година, сопственикот Јохан Конрад Девели создава вистинска сензација: тргнувајќи со ентузијазмот да експериментира, тој меша со сенфот карамелизиран шеќер и специјална мешавина на зачини и така го зачинува сенфот. Тоа резултира со сладок и уникатен вкус на сенф. Кратко време подоцна, првиот бел колбас се служи во Минхен. Со совршениот спој на белиот колбас и слаткиот сенф; овие кулинарски баварски уникати заедно стануваат еден од синонимите на Минхен.Новата сорта на сенф од Девели е станува позната како „Оригинален минхенски Вајссурст сенф“.

Создавањето сенф се уште се прави според оригиналниот рецепт од 1854 година. Марката Девели сега има историја повеќе од 175 години. Денес Девели се залага за гурманско уживање и модерен баварски начин на живот. Сега е застапена и на национално ниво и нуди широко портфолио на производи. Ова вклучува сосови за скара, сосови за салата, кечап и мајонез.

Високото ниво на квалитет со спојување на најновата технологија каде традицијата се поврзува со иновативната сила е доказот за постојано високиот квалитет на сите производи од Девели. На овој начин Девели успеа да се развие од локален снабдувачот на Кралскиот баварски суд до денешниот интернационален бренд кој асоцира на висок квалитет. Квалитетот и свежината се главниот приоритет на Девели веќе 175 години. За да се обезбедат и двете, Девели користи само суровини со највисок квалитет во производството на Девели производите. Истите се обработуваат со употреба на традиционални методи, но со користење на најнова технологија. Готовите производи подлежат на строги контроли и постојано обезбедување на квалитет и тоа од независни лаборатории и експерти.